Скандалозно видео се појави на социјалните мрежи на кое се гледа како британски навивачи салутираат и пеат нацистички песни за време на Светскиот куп во  Волгоград, град во кој за време на Втората светска војна загинаа два милиони луѓе.

На снимката, која е направена веднаш по победата на Британците над Тунис од 2-1 на Волгоград Арена во понеделникот, се гледа како навивачи салутираат со нацистичкиот поздрав и извикуваат „Зиг хајл“. Тие исто така пееле песни кои го воздигнуваат Третиот рајх, објави РТ.

Вработените во барот, кои не сакале да зборуваат во камера, потврдиле дека групата англиски навивачи била таму, но оти тоа што е прикажано на снимката не го виделе, зашто во тоа време го затворале локалот и биле на друго место во барот.

На видеото, како што објавува РТ, се гледа како навивачите пеат:„Спарси се на пат кон Аушвиц, Хитлер повторно ќе ги стави во гасна комора, не можете да ги запрете, Тотенхем, Јудите од Вајт Харт Лејн“.

РТ наведува дека навивачите можат да добијат крувични пријави и во Русија и во Велика Британија.