За првпат од 1979 година, жени беа примени на стадион да гледаат фудбал заедно со мажи, објави „Ал Ахрам“.

На стадионот „Азади“ во Техеран, беше инсталиран монитор на кој вчера се емитуваше натпреварот од групната фаза на Светското првенство 2018 меѓу Иран и Шпанија (0:1).

Вкупно беа продадени околу 10 илјади билети.

Првично беше планирано да се дозволи присуство на жените во 1.коло кога иранската репрезентација играше со Мароко (1:0), но неколку часа пред натпреварот одлуката беше сменета.

Сепак, масовните прослави по победата на националниот тим ги натераа властите да ја сменат одлуката и да дозволат влез на жените за средбата со Шпанија.