Шефот на групата пратеници на Европската народна партија во Европарламентот Манфред Вебер во име на европската десница бара санкции за бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски по неонацистичкиot инцидент во Брисел.
За време на сесија на Европарламентот Џамбаски го употребил таканаречениот „Хитлеров поздрав“.
– За време на денешната дебата за владеење на правото, европратеникот Џамбаски го покажа „поздравот на Хитлер“ на пленарна седница. Во име на групата на Европската Народна партија го осудуваме ова најстроги можни зборови. Тоа е спротивно од она за што се залага Европарламентот и повикуваме на итно санкционирање, објави Вебер на официјалниот профил на Твитер.
Инаку Џамбаски и е познат на македонската јавност по негирањето на Македонците, Македонија и македонската историја.
Видеото може да го отворите ТУКА.