Премиерот Зоран Заев во изјава за балканските медиуми порача дека наградата што ја доби во Минхен сака да ја подели со бугарскиот премиер Бојко Борисов.
– Оваа награда искрено сакам да ја поделам со бугарскиот премиер Борисов, кој беше мотиватор на сите нас од Западен Балкан, а посебно за Република Северна Македонија, изјави Заев за Алџезира.
Тој и премиерот на Грција, Алексис Ципрас вчера ја примија наградата на Минхенската конференција за безбедност за нивниот особен придонес за мирот и безбедноста во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса.
Претходно, додека тие беа дел од панел-дискусијата „Разговор со добитниците на наградата „Евалд Фон Клајст“, Заев порача дека им ја посветува на младите генерации.
Инаку Заев при заблагодарувањето говореше на англиски, а освен јазикот кој во НАТО беше означен со знаменце, говори и српски, бугарски, босански, хрватски, а засега не е познат обид да проговори и на словенечки јазик.
Тој и натаму ги покажува своите полиглотски балкански квалитети и покрај забелешките на „лингвистичките ситничари“ за струмичкиот акцент во англискиот и за тоа дека Балканците сакаат да се „чукаат и удараат у градима нашима“.
Видеата се позајмени од наведените страници на Фесбук.