Криминалот царува! Корупцијата владее! Ненародната власт ја одзеде државата од народот! Македонија е најкорумпирана во регионот, а најсиромашна во Европа. Ова мора да се промени. Промените носат правда. Ќе ги реформираме Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Во правосудството ќе работат само најдобрите и најчесните. Ќе воведеме функционална правна држава.

Важно е да го донесеме европските стандарди дома, за да можеме да влеземе во ЕУ!

Европската иднина е можна, таа бара многу помалку приказни, а многу повеќе работа.

Заслуживме европска иднина и знаеме како до стигнеме до целта со гордо крената глава.

Македонскиот идентитет, јазик и култура постоеле и ќе постојат. Ние сме темел за нивен опстој и заштита.

Нема тргување со државните и националните интереси. Гоце Делчев е Македонец. Заслужуваме и бараме почит.

Да се обединиме. Да градиме заеднички патриотизам. Веруваме во народот и веруваме во Македонија.

Жени, мажи мади и стари, лозари, тутунари, праскари и градинари, студенти и професори, работници и стопанственици, време е за промени!

Силата е во народот! Да ги вратиме среќата и насмевките! Да станеме сите и да ја вратиме државата во рацете на граѓаните Македонија!

Македонија повторно ќе биде правна и економски развиена држава.

Македонија повторно ќе биде земја која се грижи и која се гради!

Македонија повторно ќе биде држава со која се гордееш и и во која веруваш!

Македонија повторно ќе биде твоја! Промените се во твои раце!