Нов скандал на македонските гранични служби, откако албанската телевизија Клан успеала да улови на дело како македонски цариници земаат мито од ТВ екипа.

Во видеото што го објави оваа ТВ се гледа како екипата на оваа телевизија плати 120 евра за цариникот да пропушти шест албански државјани без никакви проверки на граничниот премин.

Бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници се обратил до ТВ Клан и шоуто „Стоп“ со информации дека му бара поткуп за услуга што треба да биде бесплатна од страна на граничарите. Тој трпел огромен притисок од македонските цариници.

– Јас сум албански бизнисмен кој превезува автомобили и патници внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме со македонската царинска полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по автомобил. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра, открива бизнисменот за ТВ Клан.

ТВ екипата на шоуто „Стоп“ потоа замина на граничниот премин Блаце за да ја открие тамошна корупција, а од новинарската екипа беше побаран поткуп од 20 евра по човек.

Неофицијално се работи за Е.Ш. полициски службеник на полицискиот премин Блаце, кој во 2019 година го нарече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, икона.

Делот со митото започнува на 13 минута, на истиот претходи сведочењето на бизнисменот кој бил секојдневна жртва на граничарите.

По објавувањето на видеото на ТВ Клан, македонското МВР информира дека Одделот за внатрешна контрола почнал да работи на расчистување на случајот со земање мито на „Блаце“.

-Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на граничниот премин Блаце. По расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираме јавноста, соопштија од МВР.

Видеото може да го отворите ТУКА.