Изутринава е објавена нова снимка на профилот на италијанскиот новинар Ларис Гајсер за аферата „Рекет“.
Гајсер најави дека во италијанскиот весник Ла Верита ќе објави серија снимки поврзани со корупцијата во Македонија.
На втората аудио-видео снимка може да се слушне разговорот меѓу Бојан Јовановски алијас Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев, но се слуша и гласот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
– Не се секирај за ништо се ќе биде ОК, му вели Јанева на бизнисменот Камчев во еден дел од снимката.
На втората снимка се слуша комплетната верзија од втората „бомба“ на италијанскиот весник.
Италијанскиот весник Ла Верита вчера објави видео на кое се гледа како Боки 13 и Зоки Кичеец со торба со пари излегуваат од домот на Орце Камчев. На видеото се гледа и броењето на голема сума евра кои потоа се пакуваат и се носат во брендирана торба Луј Витон.