ОМО Илинден Пирин испрати честитка до навивачите на ФК Вардар кои денеска слават 75 години од формирањето на најтрофејниот македонски клуб и 35 години од формирањето на навивачката група Комити.
– Вардаровите навивачи Комитите, кои се редовни гости при чествувањата на Роженскиот манастир, на гробот на Јане Сандански, денес слават 75 години од формирањето на ФК Вардар и 35 години од постоење на навивачката група Комити. Дел од КОМИТИТЕ е и подгрупата КОМИТИ ПИРИН. ЧЕСТИТО КОМИТИ МАКЕДОНСКИ, ВЕЧНИ ДА БИДАТ ВАРДАР И МАКЕДОНИЈА! Никогаш северна само МАКЕДОНИЈА!- се вели во честитката од ОМО Илинден Пирин од Пиринска Македонија.
Честитката е проследена и со видеозапис од навивачите Комити и песната И ние сме деца на Македонија. Видеото може да го отворите ТУКА.