Апелирам до оние на повисоките функции, до оние веднаш после нив и до оние на најниските: Да ми водите грижа за граѓаните оти ќе има оставки и разрешувања… да бидете сервис на граѓаните, порача во една изјава премиерот Зоран Заев.
Тој е човек од збор и си стои на ветувањето. Оти граѓаните не можат да живеат без неговиот сервис и без сервисот за ручање.
Автомеханичарски сервис не им е неопходен. И онака граѓаните зиме не смеат да ги возат старите коли со црвени налепници, зашто ќе им го загадуваат воздухот на градоначалникот Петре Шилегов и на заменик – министерот за чист воздух Јани Макрадули, како и на тој министерот што не се „бави со граѓаните“.
Освен сервисот на Заев, кога ајрото е исчистено, на граѓаните им треба и малку смеа и мајтап, оти сите проблеми се решени. Тоа ни го овозможува видеото на групата „Ние сме Македонија“ објавено на нивната страна на Фејсбук.
Фала му на Заев што се грижи за сервисот на граѓаните и на We are Macedonia што се грижат да се насмееме и во време кога е за пискотници, а не само за плачење.