Јас сум легалист и од овој момент натаму не смеам да зборувам дали се малку функционери на ДУИ зафатени од бомбите на СЈО, рече претседателскиот кандидат на СДСМ, ДУИ и други партии, во вечерашното гостување на скопската ТВ 21.
Запрашан од новинарот за тоа дека ДУИ иако беше на власт, сите бомби на СЈО „експлодираа“ само по претставници на ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски одговори:
– Е, сега дали има доволно, некој ќе рече дали ги штедевте ДУИ, во време на бомбите, за да ги имате утре за коалиционен партнер во власта, јас тоа не можам да го кажам, рече Пендаровски.
Одговорот на кандидатот за шеф на државата потсетува на позната „ја нисам одавде…“