Претседателот Стево Пендаровски денеска во изјава за ТВ Сител посочи дека модификуваниот француски предлог е далеку подобар од претходниот.

– Можам само да ви кажам дека модификуваниот француски предлог е далеку подобар за нас од претходниот. Дали е тоа доволно добро, засега ќе се воздржам, вели Пендаровски.

Инаку, денеска до Владата на Македонија, преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на македонските jaвно изнесени позиции и ставови.

Видеото со изјавата на Пендаровски може да го отворите ТУКА.