Актуелниот претседателски кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, како и премиерот Зоран Заев, во предизборниот период ги убедуваше граѓаните дека „режимот“ за 10 години украл 8 милијарди евра, а тие кога ќе дојдат на власт ќе ги вратат.
– Во првите две години откако ќе дојдеме на власт, на граѓаните ќе им вратиме најмалку 40 отсто од украдените 8 милијарди евра, ветуваше Пендаровски, пред да дојдат на власт.
А Заев намести и бројчаник на кој се регистрираат парите кои им ги вратиле на изманипулираните граѓани на Република Македонија. Бројчаникот и по две години е на нула. Погледнете го и бројчаникот и видеото со цврстото ветување од Пендаровски.
Видеото е позјамено од Фејсбук.