Добро е познато дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев се колнеше дека уставното име на Република Македонија нема шански да биде сменето. Тој молеше да не му чепкаат во македонската жичка и се потсмеваше на „измислиците“ дека „ го донеле Заев да го смени името… ајде мајката“!
Но, со такви „цврсти ставови“ не е само актуелниот премиер, туку и нивниот кандидат по вторпат, откако еднаш изгуби на претседателски избори, за за шеф на државата, Стево Пендаровски.
Погледнете што говореше Пендаровски за промената на името на Република Македонија, на која сега сака да и биде претседател, не многу одамна, во дебатната емисија на ТВ Аласат „360 Степени“.
И лесно е да се пресмета цврстината на ставовите, брзината и за колку степени тие се менуваат.