Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во дебатниот магазин Клик плус на ТВ21 истакна дека со помошта што Македонија и ја дава на Украина „не ја помагаме војната“.

Птеровска вели дека со тоа само ја помагаат Украина да се одбрани од Русија.

Министерката одговараше на повеќе прашања, меѓу кои и за хибридните напади, кои. како што Петровска рече „се со цел да се предизвика паѓање на Владите, најчесто оние кои се западно ориентирани“.

Според неа, очигледно е дека напаѓачот не сака да имаме стабилен и мирен Балкан.

– Најчесто целта на хибридните војни или сајбер напади е практично да дојде до пореметување на општественото живеење што впрочем и се случува кога има зачестени напади. Се повеќе и повеќе кога се создава задоволство во едно општество се надополнува со незадоволство на друга сфера. Целта е да се предизвика, најчесто тоа е, паѓање на Владите, најчесто оние кои се западно ориентирани, рече Петровска.

Подолга изјава од Петровска во видеото кое може да го отворите ТУКА.