Постојано се менува бројката на загинати во силниот земјотрес што ги погоди индонезиските туристички острови Ломбок и Бали, втор за период од една недела.
Властите соопштија дека стотици луѓе се повредени, најмногу во северниот дел на Ломбок.
Земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала бил релативно плиток и се случил на длабочина од 30 километри. Околу 1.000 странски туристи се евакуирани од островите Гили и Бали, кадешто, исто така, едно лице загинало, зголемувајќи ја бројката на 91.
Повеќе од 130 помали земјотреси можеа да се почувствуваат во областа од вчера, оштетувајќи над 3.000 домови. Предупредувањето за цунами било укинато по некое време.
„Оштетени се голем број објекти во главниот град на Ломбок, Матарам, повеќето од нив се градени со слаби материјали“, изјави портпаролот на националната Агенција за спасување при катастрофи.
Ломбок, популарен меѓу туристи поради своите плажи и патеки за пешачење, минатата недела веќе беше погоден од земјотрес, кога загинаа 16 луѓе.
Околу 350 туристи веќе се евакуирани од островите, околу 600 сѐ уште чекаат евакуација, изјави портпаролот на агенцијата за управување со катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо.