Најмалку 44 лица се повредни во пожарот што од петокот беснее во округот Фаро во јужна Португалија, соопштија денеска португалските власти.

Истите извори инфомираат дека еден од повредните се наоѓа во критична состојба.

Во гаснењето на огнот учествуваат околу 1.000 лица, потпомогнати од два авиони, кои како помош пристигнаа од Шпанија.

За ширењето на пожарот во текот на викендов придонесе и исклучително жешкото време во Португалија, при што на многу места температурите се искачија над 40 степени Целзиусови.

Во портуаглскиот главен град Лисабон викендов беше измерена рекодно висока температура од 44 степени Целзиусови.