Стан во Скопје, кој чини 1500 евра квадрат е поплавен од невремето во Скопје. Станар објави фотографии и видеа на кои се гледа дека во станот има околу 10 сантиметри вода.
Според објавените видеа може да се види дека поплавени се и заедничките простории и дека големо количество вода од врнежите тече кај скалите во станбената зграда.