Македонските претставници на овогодинешното издание на детската Евровизија го освоија деветтото место.

Извонреден настап на прекрасните деца од „Дајте музика“ кои, иако не победија, со својата песна „Green Forces“(„Зелени сили“) имаа прекрасен настап кој што не остана незабележан. Истовремено, моќна беше и пораката што ја испратија за заштита на животната средина.

Што се однесува до гласањето на жири-комисиите ширум Европа, Македонија доби 55 поени. Жири-комисијата од Албанија ни даде максимални 12 поени, Србија ни даде 3 поени, а меѓу земјите коишто ни дадоа поени беа Русија, Франција, Украина…