Премиерот Димитар Ковачевски освен ручеци по ќебапчилници, работнички и студентски мензи, зачести и со лапсуси во партискиот поход што веќе подолго време го има со СДСМ низ Македонија.

– Автопатот Штип – Скопје го довршивме, го направивме експресниот пат Штип – Радовиш вреден 64 милиони евра, патот од Три Круши до Штип, клучката на влезот од градот, транзитниот правец, експресниот пат Штип – Крупиште вреден 20 милиони евра и многу други проекти кои се направени и завршени од СДСМ, се пофали пред штипјани.

Лидерот на партијата која ја предводи Владата што го смени името на државата (Република Македонија) менува и топоними во Македонија.

За да биде појасно: Три Чешми е населба на 4 километри од Штип, а Три Круши месност во скопска Кисела Вода, односно Драчево.

Инаку, Ковачевски на овие трибини стана запаметен по неговите фалби на министрите на кои ги прозива „Стани Славјанке, стани Благоја… ва ве види сала“.

Видеото може да го отворите ТУКА.