Викендов во Преспа се одржа промоција на туристичкиот потенцијал на овој регион, премиерот Зоран Заев дојде со скап мотор и во скапа бела кошула Астон Мартин, се свиреше, се пееше, се јадеа национални јадења…
И тоа е Преспа од соништата на власта. А Преспа од реалноста видете ја на видеото, тони непродадени јаболка, за жал, се исфрлени на ѓубриште заедно со трудот на овоштарите кои макотрпно работат.
Слична е сликата и со праските во Росоман, каде што во екот на бербата со пили од корен се „берат“ дрвјата, па сливите во источна Македонија, бостанот…
Тоа е денес Македонија: една слика е за фалење на власта што направила од земјава, а другата слика е за криење од јавноста.
Видео тука.