Собата во Еусалим што ја посетуваат туристите и верниците и за која се смета дека е просторот каде Исус и неговите ученици ја имале последната вечра пред Исус да оди во Гатсеманската градина каде Јуда ќе го предаде, е од 12 век.
Захи Шахед, еден од тие кој како туристички водач практично остана без работа поради пандемијата, со видеа се обидува да допре до луѓето низ светот, а такво е и ова од февруари каде ја снимил и ја поставил на интернет таа снимка од собата за која се смета дека е место на тајната вечера.
Дали сме сигурни дека ова е таа соба? Одоговорот е и „да“ и „не“. Да, затоа што традицијата вели дека тоа е собата каде Исус и апостолите вечерале.
Шахед објаснува: Ерусалим бил мало место. Исус им рекол на учениците да прашаат некој човек кој носи вода и тој ќе им ја покаже собата каде ќе биде спремено за нив. Традицијата од антички времиња вели дека оваа соба е токму таа.
Евреите ја подготвувале пасхалната вечера внатре во градот, а Исус обично бил надвор од ѕидините, во Маслиновата градина.
Требало да се најде соба внатре во рамки на ѕидините на градот, но за тоа биле потребни пари. Единствено оваа поткровна соба можела да се даде така како што побарале учениците.
Зошто е важна оваа соба и самата вечера?
Затоа што тука Исус им вели на апсотолите дека од нив ќе го предаде. Вели дека ќе умре но и дека ќе воскресне.
Јадете од лебот зошто тоа е моето тело. Пијте од виното, зашто тоа е мојата крв, им рекол Исус.
Пехарот од кој пиеле вино, подоцна станува т.н. „свет грал“, сад за кој сите владетели во наредните 2 000 години сонувале да го имаат и за кој се верува дека има моќ иста каква што имал и самиот Исус, а и неговите апостоли откако врз нив слегол Светиот Дух.
Се смета дека и токму во таа соба е одржана првата служба, дека таа соба, на своевиден начин е првата христијанска црква на светот.
Во 14 век, кога Ерусалим бил под муслиманско владение, христијаните побарале да имаат целосно владение врз зградата и собата.
Муслиманите го одбиле тоа, а како одговор, изградиле михраб, свртен во правецот кон Мека за да им покаже во кој правец треба да бидат свртени при молитвата. На ѕидот има и натписи, а тука е и еден прозорец карактеристичен за муслиманските свети места.
На ѕидовите се забележуваат и неколку натписи, денес би ги нарекле графити, до крстоносците кои биле тука.
Од собата надоле водат скали кон просторија за која некои сметаат дека е гробницата на кралот Давид, што е свето место за Евреите, а муслиманите изградиле копија од гробницата до која се стигнува преку други скали до соба која сега е затворена.
Така, на едно место се споени три религии, три верувања, а во име на мир, тука е и маслиновото дрво – подарок од папата во 2000 година!