Бурни коментари на социјалните мрежи и револт кај новинарите предизвика денешното прекинување на прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски, откако му беше поставено „незгодно прашање“.

– Каква брука. Вака последен пат мајка ми од роденден ме прибра во прво одделение за домашна да пишувам, гласи еден од ироничните коментари на социјалните мрежи.

Овој коментар на социјалните мрежи се однесува токму на „прибирањето на Ковачевски“ од страна на протоколот, откако уредникот на Инфомакс Александар Митовски му постави прашање на Ковачевски „зошто не се подготвиле за случувањата во Украина“, кога за тоа биле информирани уште на почетокот на ноември, лани, како што изјави шефот на државата Стево Пендаровски.

Протоколот на Ковачевски се „оправда“ дека ова била прес-конференција по свечена седница и не биле предвидени такви прашања.

Пендаровски неодамна изјави дека, политичкиот врв на Македонија, како членка на НАТО, уште во ноември имале разузнавачки информации дека Русија ќе изврши инвазија врз Украина.

Видеото може да го отворите ТУКА.