Во Битола во моментов во термоелектраната не работи филтерот, дознава Курир од свои извори.
Како што објави порталот Курир, битолчани се гушат, во моментов во термоелектраната не работи филтерот, а од истата се шири неподнослива смрдеа на што се жалат и граѓаните, додека во меѓувреме надлежните нигде ги нема да интервенираат, велат нашите извори.
Ова претставува голема неодговорност на надлежните и на директорот Васко Ковачевски кои што освен личните и партиските интереси, не се грижат за здравјето на Битолчани, велат истите извори.
Инаку, Битола преку зимските периоди знае да биде еден од најзагадените градови во Република Македонија, и досега од надлежните не се преземаат никакви мерки и покрај многубројните предупредувања од екологистите.
Во продолжение погледнете го видеото на кое јасно се гледа како од оџакот на термоелектраната излегува густ чад, кој предизвикува голема смрнеа, и затоа со причина реагираат жителите во Битола.