Континуираниот раст на економијата, зголемувањето на инвестициите, индустриското производство, растот на платите и намалувањето на невработеноста, покажуваат дека стратешки добро се поставени политиките, изјави портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.
– Се движиме напред, во вистинска насока. На вистински пат сме, економијата расте, рекордни инвестиции и повеќе пари кај граѓаните. Членството во НАТО дополнително ги поттикнува инвестициите и економскиот раст. А тоа влијае и на намалување на невработеноста во земјава. Накусо, напредокот во евроатлантските интеграции носи повеќе пари кај граѓаните, нови и подобро платени работни места и подобар животен стандард, вели портпаролот Костадинов.
Погледнете и слушнете што и се случува на Република Македонија, ако не сте знаеле и ако не сте почувствувале. Верувале или не…