Сегмент од четири минути од воодушевачко сослушување во Конгресот на САД на тема економија. Опфатени се инфлацијата и цените, посебно цената на струјата. Сцена каква што приреди сенаторот Кенеди и каква што не можете да видите во нашето Собрание. Прочитајте гпо транскриптот, но погледајте го и видеото, да видите како еден сенатор си ја обработува високата плата. Насловот на видеото е „Конгресот замолкна, кога сенаторот Кенеди го обвини Бајден за инфлацијата“:

Сенаторот Кенеди:

Во последните три години, за жал, економијата на Соединетите Држави доживеа значителна инфлација. Дали е тоа точно?

Д-р Коен:

Да.

Сенаторот Кенеди:

И таа инфлација е создадена од човекот, нели?

Д-р Коен:

Секоја инфлација е создадена од човекот, господине.

Сенаторот Кенеди:

А тој човек се вика Џо Бајден, нели?

Д-р Коен:

Не можам да одговорам на тоа.

Сенаторот Кенеди:

Откако претседателот Бајден ја презеде функцијата, просечните цени на струјата во САД се зголемени за 29,4%, нели?

Д-р Коен:

Ќе морам да ги проверам податоците и ќе ви одговорам.

Сенаторот Кенеди:

И зарем не е вистина дека цената на струјата се зголеми за време на претседателот Бајден и се зголеми за 13 пати побрзо отколку во претходните седум години?

Д-р Коен:

Ќе морам да ги проверам податоците.

Сенаторот Кенеди:

Националната асоцијација на директори за енергетска помош – не знам дали сте запознаени со нив – ги проверив; тие се реномирана група. Тие велат дека просечната сметка за струја во САД ќе се зголеми за 10% оваа година и 10% следната година. Дали е тоа точно?

Д-р Коен:

Повторно не сум запознаен со податоците, но можам да истакнам господине дека во Европа цените се повисоки за 2,5% до 3%.

Сенаторот Кенеди:

Не ме интересира Европа. Ме интересираат нашите луѓе, кои треба да продаваат крв за да си ја платат сметката за струја.

Значителен дел од оваа инфлација на електрична енергија – 30% покачување откако претседателот Бајден ја презеде функцијата – е директно поврзан со неговата енергетска политика, нели?

Д-р Коен:

Цените на енергијата варираат врз основа на понудата и побарувачката на сите извори на енергија.

Сенаторот Кенеди:

Да, но дали е одговорот да или не?

Д-р Коен:

Тоа е многу комплицирано економско прашање.

Сенаторот Кенеди:

Разбирам. Дајте ми одговор: Дали политиките на претседателот Бајден придонесоа за инфлацијата или не?

Д-р Коен:

И републиканската и демократската администрација ја наполнија економијата со трилиони долари, што придонесува за инфлацијата.

Сенаторот Кенеди:

Не верувам дека некој републиканец гласал за Законот за намалување на инфлацијата. Дали е тоа точно?

Д-р Коен:

Не знам.

Сенаторот Кенеди:

Епа јас знам. 1,2 трилиони долари, new green new deal. Ниту еден републиканец не гласаше за тоа. Дали сакате да го измените вашиот одговор?

Д-р Коен:

Ќе го изменам мојот одговор дека за време на претседателот Трамп и на претседателот Бајден, трилиони долари беа внесени во економијата, што придонесе за инфлација.

Сенаторот Кенеди:

За време на Трамп цените на струјата се зголемија за 5% во текот на 4 години, а под Бајден, тие се зголемија за 30% во текот на три години. Кое е подобро?

Д-р Коен:

Повторете

Сенаторот Кенеди:

За време на Трамп, цената на струјата се зголеми за 5%. Во времето на Бајден, тие се зголемија за 30% во текот на три години. Кое е подобро?

Д-р Коен:

Очигледно, подобро е помалото поскапување на струјата.