(видео) ШАРЕНА БОЈА ВРЗ ТРАГЕДИЈАТА: Српски и македонски студенти се договараат како да предизвикаат немири на протестите во Скопје

/ 23.03.2025

На социјалните мрежи се појави видео од групен разговор меѓу македонски и српски студенти кои се договараат како да предизвикаат немири на протестите во Скопје кои се закажани за утре.

Он лајн состанокот го координира извесна Стача, студентски инструктор од Србија, а во „четот“ учестуваат Кирил Митановски од Црвената младина на Левица кој вели дека е од партија.

– Еве ја лично не кријам дека сум од партија, вели водачот на утрешните протести.

Ѓорѓи Јачев пак се брани дека бил во партија, но оти веќе не е и оти со Кирил се знае од таму.

– Тие луѓе што имаат такво искуство обично се качуваат на врвот, цели Јачев.

Крајна цел била хаос и дестабилизација, а за членовите на Левица се координирале со Белград.

Сташа Цветковиќ има чести медиумски појавувања во Србија. Се јавува во улога на „експерт“ за студентите и се појавува како активист кој се бори за правата на младите луѓе.

Од видеото кое е достапно на социјалните мрежи станува јасно дека има отворен обид да се пренесе криза однадвор во Македонија.

Доколку биде спроведено ова сценарио може да предизвика долготрајна политичка и економска дестабилизација, каква што македонските граѓани веќе еднаш скапо ја платија.

 

По првичното излагање на Кирил и Ѓорѓи во разговорот се уклучува Сташа која ги советува дека во прв ред треба да биде пленумот, а поединци не треба да се дозволи да се вклучуваат партиски активисти.

– Идејата на плеумот е да постои и кога некој ќе се исклучи.Пленумот е општествен контруктор, тело , а не луѓето. Ако некој ти каже ти си во партија, но ти не си никаков духовен водач. Проблем е ако вашите партиски личности го преземаат медиумскиот простор и се наметнуваат како водачи на револуцијата и да велат дека се еднакви но малку повеќе се појавуваме на телевизија и глумат кои се, како на пример Зоран Ѓинќиќ кој е битен и ја спасува земјата. Треба да спречите медиумско промовирање на поедници. Нас ни се случи да падна настрашницата што е директен еквивалент на јавните институции, вели во видеото инструкторката од Србија, Сташа.


Од истата категорија