Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, во неодамнешното гостување во скопската ТВ Алсат се заблагодари за гестот од телевизијата на тоа што и беше овозможено да разговараат на македонски јазик.
Запрашана од водителот кога ќе почнете да го учите албанскиот јазик, Шеќеринска одговори дека таа веќе почнала да го учи, но и бил тежок. Научила доста политички термини на албански јазик, но призна дека не може да го говори.
Битно е, министерката има желба да го научи јазикот, порано или подоцна.
И на коалициониот партнер на партијата на Шеќеринска, Али Ахмети, лидерот на ДУИ, иако се школувал во Македонија, тешко му е да говори македонски јазик, ама тоа не е пречка одлично да се разбираат во делбата на власта.
А додека Шеќеринска научи перфектно да говори албански, а Ахмети македонски јазик, како фолклорно богатство ни останува социјалдемократската изрека: „Двојазичноста во Македонија ја има само во главите на вмровците“!