Шивачот Полико Авдиу, вработен во фабриката „Текстил Солушн“ по 18 години работа во Германија пред 8 години се вработил во оваа фирма и вели дека тука има исти услови како во Германија.

-Ги гледам младите викаат одиме во Германија ама и животот таму не е како што мислиме ние. Јас сум задоволен тука. Минималната плата од 18.000 мислам дека не е многу, ама за скромен живот е доволно. Мислам дека и понатаму ќе растат платите ако работиме повеќе, рече Авдиу.

Тој му четиташе на премиерот Димитар Ковачевски и на министерката Јованка Тренчевска кои денеска беа гости во компанијата во која работи шивачот Авдиу.

Видеото може да го отворите ТУКА.