Невреме проследено со дожд, силен ветер, град и грмотевици го зафати скопското подрачје. Силниот ветер превртуваше опрема, кршеше дрвја, како играчки тркалаше контејнери, што може да се види и од видеата на граѓани, што веднаш се појавија на социјалните мрежи. Поплавени се сообраќајници и оштетени автомобили од паднати дрвја.

Од УХМР информираат дека ветерот достигнува повремено брзина и над 80 киломери на час.

Невремето го отежна сообраќајот, а на места паѓаше град со големина на орев.

Во Градот Скопје е свикан итен состанок на Градскиот штаб за заштита и спасување. Невремето предизвика поплава и во просториите на Македонската информативна агенција – МИА.

Граѓаните кои претрпеле штети, како што изјавија преставници на градската власт на Скопје, нема да бидат обесштетени, зашто невремето се категоризира како непогода.

Нестабилното време се движи од запад кон исток и на север. Во поладневните часови ќе се преместуваат кон исток. Попладне процесите ќе бидат поинтензивни и локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

До среда условите за нестабилност ќе има претежно во западните делови, но тие ќе бидат намалени. Од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Утре ќе биде малку посвежо, а потоа до среда дневните температури ќе бидат во пораст. Од четврток повторно ќе биде посвежо

 

 

Gepostet von Љупчо Палевски am Samstag, 9. Juni 2018

Partizanska je plovna..palite camce

Gepostet von Igor Aleksic am Samstag, 9. Juni 2018