Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер ја погоди јужна Калифорнија. Епицентарот на потресот е во близина на градот Риџкрест, на околу 195 километри североисточно од Лос Анџелес, но се почувствувал и таму.
Некои медиуми пренесуваат дека има повредени луѓе во градот со околу 28.000 жители.
– По првиот потрес се имаше и нови тресења на толото кои беа со магнитуда од 4,7, 3,8 и 4,2 степени по Рихтер, соопшти Американскиот сеизмолошки завод.
Длабочината на потресот била само 9 км. Пожарникарите соопштија дека според првите информации нема повредени во блискиот Сан Бернардино.
Диртекторката на Хамптон ин во Риџкрест за СНН изјави дека нивниот хотел е значително оштетен.
– Лустерите се уште се тресат, изјави таа пет минути по потресот и додаде дека и подот се тресел.
Аеродромот во Лос Анџелес потрвди дека нема никакви оштетувања на пистата. Соопштено е дека патишта и згради претрпеле оштетување и напукнале.
Ударот е детектиран во 10:33 часот по локално време во зафрлениот дел Керн, кој се наоѓа на околу 160 километри од Лос Анџелес.
– Лежев во креветот, а нозете ми беа подигнати на ѕидот и тогаш почувствував како се поместуваат двете страни од куќата кога се се затресе. Скокнав, го зграпчив братот (17) и детето (3) и истрчав со нив надвор, опишува 22-годишната Едит Мата.
Таа појаснува дека сфатила оти одлуката е добра кога видела дека не се сами на улица:
– Комшиите истотака истрчаа надвор и тоа цело семејство, пет души. Моето дете не можеше да сфати што се случува, објаснува Мата.
Потресот го опишува како морничав и дека никогаш претходно не и се случило нешто слично.