Изборот на новата претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, по оставката на нејзината претходничка Павлина Црвенковска, како и изборот на Јавниот обвинител за гонење на организиран криминал, Ислам Абази, предизвикаа внимание во јавноста по објавувањето на фотографии на кои тие се во друштво на политичари од актуелната власт.

Бидејќи на судството и правдата, како независна судска власт, не им личи „сликање“ со извршната власт, и Дамева и Абази веднаш се обидоа да демантираат блискост со политичари и политички партии. И двајцата имаат свои ставови за „ин флагранти“ фотографиите на кои Дамева е со функционери на СДСМ, а Абази со функционери на ДУИ.

И СДСМ и ДУИ се владејачки партии, а и Дамева и Абази треба јавноста да ги перципира како независни стручњаци.

Интересно е како тие ги оправдуваат фотографиите, видеото може да го отворите и погледнете ТУКА.

(Д. Г.)