Снег падна и во пустината Сахара, а во Саудиска Арабија температурите се спуштија и до минус два степена.
Снежна покривка ги побеле песочните дини во Сахара, каде од снимката може да се види како алжирските овчари по снег ги водеа своите овци на пасење.
Снежните сцени многу ги одушевија Саудијците, кои во голем број се упатија кон пустината во регионот за да ја фотографираат атракцијата. Во оваа област, температурата не паднала под нулата веќе 50 години.
Снегот и мразот се многу ретки во пустините, но не и исклучени, зашто температурата може значително да падне во текот на ноќта, но преку денот сонцето брзо го топи снегот.