Остри реакции од граѓаните на скопската општина Аерордом се појавија на социјалните мрежи, поради инертноста на локалните власти во расчистувањето на проблемите од невремето кое денеска го зафати Скопје.
– Од силното невреме 10-тина дрвја паднати, оштетени автомобили, паднати билборди, поплавени булевари. Општинските служби на чело со Златко Марин нигде ги нема. Дојде живот за нив, по грчките плажи, коментираат гражани на страницата „Аеродром во моето срце“ на Фејсбук.
На страницата „Сакаме Аеродром да дише“ граѓаните на оваа општина реагираат поради сечењето на дрвјата и уништување на зеленилото во Аеродром.
– Го искористија невремето за да пресечат уште едно од последните дрвја кои останаа, коментираат граѓаните кои настанот го документирале со видео запис кој го објавуваме.