Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се пофали дека за МВР набавиле седум нови возила.
– Нови 5 возила и 2 комбиња за Одделот за специјални полициски операции, објави денеска Спасовски на својот официјален профил.
Тој, како што е познато, при доаѓањето на функцијата министер во МВР, ги собра сите медиуми на прес-конференција и го претстави „мерцедесот на Груевски“, неизмиен и изгребан од мачки.
До ден-денес „мерцедесот“ власта се уште си го вози, не е продаден за комбиња за брза помош, ниту пак Спасовски ги откри мачките што го оштетиле. Наместо продажба на „мерцедесот на Груевски“, од тогаш се купени стотици нови автомобили за да вози власта и нејзините функционери.
Видеото од промоцијата на новите возила на Спасовски може да го отворите ТУКА.