Немам виза која што е поврзана со инвестиции, немам виза која е поврзана со недвижнини. Немам илјадници евра, сметки, немам виза која што е поврзана со милиони, авиони, камиони, рече неодамна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Но како што тоа често бива со него – рекол, па порекол. Доказите ги обезличија лагите на Венко, па лагите на Филипче по којзнае кој пат излегоа на виделина.
Телевизија АЛФА вчера објави дека овој политичар, сепак, има златна виза.
Директор за инвестиции и менаџмент, а не доктор или неврохирург. Фирма сместена во индустриска зона, а не некоја позната болница. Извадена во 2023-та година, а трае до далечната 2033-та. Досега необјавени документи за златната виза на докторот Венко Филипче, кои Алфа ги доби од свиркачи и ексклузивно ги објавува, покажуваат сосем друга реалност од таа што ја кажа лидерот на СДСМ, објави Алфа телевизија.
Златната виза, која вообичаено ја добиваат богати бизнисмени, Филипче ја добил во септември 2023-та година, само седум месеци пред изборите и падот на власта на СДСМ, а му трае цели 10 години. Според она што го пишува во документот со кој Обединетите Арапски Емирати, му стнаа резервна татковина на лидерот на социјалдемократите, тој требало да работи на престижната функција изврешен директор во компанија, во познатата економската зона „Рас Ал Каиман“ во Дубаи. Што точно работи компанијата, нема податоци, освен дека е „комерцијално претпријатие за инвестиции, институции и менаџмент“.
Видео плејер
Ја излажа јавноста дека бил во преговори со болница во Дубаи за таму да работи како доктор, а во визата која излезе на очиглед на јавноста е претставен како директор за инвестиции и менаџмент.
Со вакво однесување, нема да му остане ни титулата доктор, ниту политичар, а секако не и директор, па за јавноста ќе биде само тоа што очигледно најдобро знае да биде – лажго!




