Во првиот квартал од оваа година се гради повеќе отколку лани во истиот период, рече денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при посетата на Пробиштип со техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Покрај тоа што многу се гради, Сугарески истакна дека имало и голем број лажни вести за работата на министерството со кое тој раководи и за реализацијата на капиталните инвестиции.
Негова целосна изјава во Пробиштип може да ја проследите во видеото што го објавуваме, а со Спасовски беа на увид на изградба на станбена зграда.