Греши тој што ќе рече дека во Македонија не може добро да се заработи плата од 61.000 денари или околу 1.000 евра со малку труд или само за еднаш – двапати доаѓање на работа во неделата.

Од видеото што се врти на социјалните мрежи се потврдува дека во сиромашната Македонија има подобро платени службеници отколку во богатата Германија, ако се земе предвид кој колку заработува на час или за еден ден дневница.

Погледнете го видеото на госпоѓата која работи во Државната изборна комисија и која според нејзиното признание не доаѓа на работа секој ден или го прави тоа кога е расположена и заработува 61.000 денари месечно.

Таа е само една од среќните кои заработуваат високи плати од буџетот што го создаваат и сиромашните во Република Македонија.

https://www.facebook.com/watch/?v=418669502900147