Згрозен сум од оваа држава, од правдата и затоа има толку голем процент на недоверба во судството, револтирано изјави таткото на загинатата 24-годишна радовишанка Викторија Николова, по денешното соопштување на пресудата.

Три години затвор доби 23-годишниот Јордан Горгиев кој на 20 јануари годинава со автомобил ја усмрти 24-годишната Викторија кај Сити мол во Скопје.

Згрозени од оваа пресуда се родителите на двете семејства и на Викторија и на момчето на Викторија, Леонид Даов.

Додека мајката на загинатата девојка се гушеше во плач, таткото рече дека никој нема доверба во ова судство.

– Немам зборови, згорезен сум од оваа држава, од судството и затоа има толку голем процент на недоверба има. Друго немам ништо, згрозени сме како фамилија со ваква пресуда. Немаме зборови, сите ќе ја напуштат оваа држава, револтирано рече таткото на покојната Викторија.