Пратеникот и портапрол на СДСМ Костадин Костадинов е упорен прес-конференциите да ги држи пред седиштето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и покрај честите предупредувања дека има посоодветни места за тоа.
Тој и денеска беше на оваа локација, а потоа се најде и на социјалните мрежи каде што служи за потсмев за „упорноста“ да држи прес-конференции .
– Секако, нека си продолжат да пуштаат музика, но не можат да го спречат фактот дека Република Северна Македонија оди напред, рече Костадинов.
Обрнете внимание на граѓанинот кој поминува позади Костадинов додека тој држи прес конференција пред седиштето на „темното минатот“, како што вели тој.