Силен пороен дожд вечерва поплави улици на неколку локации, на повисоките зони и централното градско подрачје во Битола.

Краткотрајниот но обилен дожд проследен со град го оневозможи нормалното одвивање на сообраќајот.

Во текот на вчерашниот ден, во Битола исто така падна пороен дожд и предизвика штети врз земјоделските површини во битолско поле.

Локалните медиуми објавија фотографии и видеоснимки од кои се гледа дека некои од улиците се претворени во реки, а има и поплавени возила.

Граѓани на социјалните медиуми споделуваат фотографии на кои истакнуваат дека „Битола личи на Венеција“ и апелираат за санирање на проблемот од страна на надлежните.