Православните Македонци во Албанија од завчера се подготвуваат за празнувањето на најголемиот христијански празник Велигден.

– Христовото воскресение е најстариот, а истовремено и најголемиот христијански празник. Со вочовечувањето и раѓањето, синот божји ги соедини во неговата личност Божјата и човечката природа. Сострадањето, смртта и воскресението, на човечката природа и подарил победа над најголемиот непријател – смртта. Воскресението на Христос е најголемиот настан во историјата и претставува обновување на човечкиот род. Свети Апостол Павле потврдува дека ,,Ако Христос не воскреснеше тогаш залудна е нашата вера” (1.Кор.15,17). Вистиноста на нашата вера се должи на Христовото Воскресение, порача Алекс Темелко на Фејсбук.

За големиот празник се подговтуваат Македонците во повеќе места од Албанија. На видеото моќе да погледнете како се одбележува Велики Петок во југоисточниот дел од Албанија, во Корча.

Велики Петок во КорчаE Premtja e Madhe në Korçë

Gepostet von Vasil Sterjovski am Freitag, 26. April 2019