Лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, е познат мераклија на песната и пеењето, а вечерва на социјалните мрежи е објавено и видео со негова интерпретација на песна на албански.
Која е песната и за што се пее во нејзе, не успеавме да преведеме, но од видеото се гледа дека Ахмети ја пее „со трилери и од срце“, што би рекле членови на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ или шоуто „Никогаш не е доцна“ што се емитуваат на нашите телевизии.
Позната е народната „кој пее зло не мисли“, но по случувањеата со Огнената група во партијата, можеби во ДУИ не им е до песна и пеење, но…
Видеото може да го отворите ТУКА.
(Д. Г.)