Во подолгото интервју за „Кореја Тајмс“ од 20 април, а кое ние го објавиме на страниците на Денешен.мк пред неколку дена со целосен транскрипт, вирусологот кој работи во Њујорк, д-р Хаким Џабалах објаснува и зошто некои луѓе кои веќе го прележале вирусот се заразуваат одново, како што е тоа сега случај со двете медицински работнички од Куманово. Еве што д-р Џабалах вели за ова:
КОРЕЈА ТАЈМС: Гледаме дека има многу пациенти кои се опоравиле од Ковид 19, но потоа вирусот повторно е потврден кај нив? Дали е тоа нова зараза или враќање на старата?
Д-Р ЏАБАЛАХ: Кореја е добар пример. Кога луѓето добиваат негативен тест за Ковид 19, излегуваат од болница, но остануваат во домашна самоизолација. не се мешаат со други луѓе. И потоа се проверува. Нечиј имун систем ќе создаде антитела кои ќе го уништат овој тежок вирус. И, бидејќи нивниот имунитет сега има научено како изгледа вирусот, научил да го препознава и да се бори со него, тие луѓе тешко можат да се заразат повторно.
Но, има луѓе чиј имунитет делувал половично, извршил само една работа. Го исчистил вирусот од телото, но не научил како вирусот изгледа. Тие луѓе добиваат негативен тест, излегуваат од болница, се враќаат на нивниот живот и повторно стануваат позитивни, односно се заразуваат. Тоа може да значи и дека вирусот не бил исчистен 100 отсто, се притаил извесно време, а потоа повторно се активирал. Затоа научниците сметаат дека се потребни подобри тестови во вакви случаи кога некој е прогласен за излечен.
Овој дел од интервјуто е од 58 секунда од видеото до 2 минути и 52 секунди