Во Израел е произведена маска која го убива вирусот. На Балканот веќе ги нарачала Хрватска, каде ќе стигнат 10-20 000 маски до 15 јули, а цената ќе им биде околу 5 евра.

Производител е израелската компанија Олвитеч. Маските не се разликуваат од обичните хируршки маски за еднократна употреба. Но, во материјалот од кој се изработени, вметнат е бакарен оксид кој има антивирусни и антибактериски својства.

Увозникот на маските за Хрвастка објаснува: – Тоа е маска што може да се носи три часа, а пота треба да се остави на рамна површина и да се почека 40 минути за материјалот да ги убие вирусите и бактериите.

Маската била планирана за лекари, а развиена е врз основа нљ технологија што се користи за завои и друга воено-медицинска опрема.

Дејството на маската не се намалува со минување на времето.