Добро утро добри луѓе мои драги пријатели, драги соселани беличани, мои најдраги Македонци! Денеска е наша голема слава во чест на заштитникот на нашето село и македонските војници, порачаа на Фејсбук жителите на кичевското село Белица, каде што се наоѓа единствената црква во Македонија што го носи името на овој светец.

– Денеска е и слава на сите кои го носат најсветото македонско име Александар и Александра, што во историјата го носел и најголемиот војсководец на сите времиња Александар Македонски. Нека е напомош и вечно да се слави ова свето име со љубов, слога и заедничко разбирање, се вели во пораката и благословот од беличани до сите Македонци.

Нека е за многу години!