Стоматолошка ординација на стоматолози од Македонија вчера е уништена во подметнат пожар во санданското село Ново Делчево, соопшти бугарската ТВ Нова.
Експлозијата се случила вчера околу 3 часот изутрината. Силата од експлозијата во ординацијата била голема и таа е разрушена. Стакла од објектот се разлетале и по тротоарот. Целата апаратура и мебелот во ординацијата се уништени.
Освен стоматолошката ординација ништо друго не е оштетено. Полицијата го испитува случајот.
Во ординацијата работат македонски стоматолози, кои даваат поевтини услуги. Тие овој бизнис во Бугарија го развивале 4-5 години.
– Мое мислење е дека, ординација намерно е запалена. Мислам дека тоа е дело на конкуренцијата, затоа што даваат услуги по пониски цени, вели кметот на Ново Делчево, Валентин Апостолов.
Видеото може да го погледнете ТУКА.