Сликата, за жал, со јаболката од Преспа пред некоклу месеци, сега се повторува со праските во Росоман, во екот на бербата.
На Фејсбук страницата Росоман денес се објавени видеа од кои се гледа како се фрлаат праските и коментари од граѓаните: каде се сега да дојдат тие од власта што устите им се полни со „субвенции и зелена нафта“.
– Секоја година добиваме нови видеа како се истура праската во Росоман. Жителите бараат да дојде, да ги посети некој од надлежните, сега кога им е најтешко да се најде решение. А не само пред избори, гласи коментарот.
Видеото тука.