И зимницата, конкретно ајварот, станува „луксузен“ производ во земјата на пиперките, кои за производителите се неисплатливи, за граѓаните скапи, а меѓу нив најдобро минуваат прекупците и трговците.

„Вака изгледа пласманот на пиперката за ајвар во време кога министрот (Љупчо) Николовски најавува дека ќе има криза за храна, а која и онака е тешко достапна заради високите цени: Земјоделците револтирани ги фрлаат во депонија, бидејќи не можат да си ги покријат трошиците. И додека едни ги фрлаат, на други на пазар им се скапи. Трети тријат раце, а тоа се трговците кои се единствените очигледно со заработка во целиот процес од нива до крајниот потрошувач“, објавува ТВ 21.

Репортажата што ја објавува ТВ 21 продолжува на пазарите:

„Утрово го посетивме Зелен пазар каде пиперката за ајвар се продава по 50 денари што е за трипати повеќе од откупната. Ги прашавме граѓаните дали ќе купуваат или ќе прават ајвар со оглед на тоа дека и зејтинот годинава е поскап и се движи од 130 до 140 денари“.

Одговорите се од „скап е пиперот, не се исплатува“ до оние кои велат „мора заради децата“ и „најслатко е тоа што сам ќе си го замешаш со своја рака“.

Во репортажата од ТВ 21 направиле математика колку чини ајварот „ако си го замешаш сам со своја рака“ и тој што се купува од маркетите. Пресметатката е следнава:

Доколку сте во дилема дали да правите или да купите ајвар, еве што вели нашата математика. За дваесет тегли домашен ајвар се потребни околу 60 килограми пиперки, од кои килограм чини 50 денари, потоа потребни се 4 литри зејтин, чија цена е 130 денари.

Тоа значи дека ќе потрошите најмалку 3 500 денари. Доколку одлучите да си купите од маркет таму цената се движи од 250 до 350 денари зависно од производителот. Ако ја земеме најниската цена, 20 тегли ајвар ќе ве чинат 5.000 денари.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Извор: ТВ 21