Релативизиарње на бртуталноста, што вчера беше применета од полицијата против учесниците на протетстот поради потпишувањето на македонско-грчкиот договор, е карактеристика што денеска провејува во извештаите и на многу од медиумите, но и на државните органи кои сакаат да ја сокријат вистината од очите на јавноста или да ја покажат онака како што нив им одговара. Некои медиуми објавуваат стари лажни фотографии на повредени лица, за да ги оцрнат и да ги релативизираат вистинските, кои вчера се случија на протестот во Скопје.

Очевидци тврдат за бруталноста на полицијата, која со шок бомби, солзавец и други сретства го растури протестот пред Собранието, а дејството на солзавецот, како што сведочат повеќе граѓани, го почувствуваа и лица кои немале никаква врска со протестот туку се затекнале во Градскиот трговски центар и на Кејот на Вардар.

Трагикомично делуваат објавите за повеќе и потешко повредени полицајци отколку на граѓани, како во рацете на граѓаните да биле средствата за принуда (шокбомбите и солзавецот), а не во рацете на добро подготвената полиција за интервенција.

Министерството за внатрешни работи сооопшти дека за време на вчерашните протсети пред Собранието лишило од слобода 26 лица, од кои пет малолетници. Ова им било соопштено на претставници од Основното јавно обвинителство Скопје утринава на работниот состанок со претставници од Министерството за внатрешни работи во врска со вчерашните настани пред Парламентот.

Претставниците на МВР информирале дека на вчерашниот настан се повредени и десет полициски службеници од кои деветмина со телесни повреди, а еден полицаец со тешки телесни повреди. За времетраење на вчерашниот протест биле повредени и седум граѓани.

Од скопското Обвинителство на МВР му се дадени насока за обезбедување и доставување релевантен доказен материјал за сите лица лишени од слобода во врска со дејствијата што ги презеле пред Собранието на Република Македонија, како и за малолетните лица претходно лишени и пуштени на слобода. Пред сѐ за обезбедување на снимки од видео записи од поставените безбедносни камери со цел документирање на евентуално незаконито дејствување.

– Од содржината на видео записите, како и од други обезбедени докази ќе се утврдува евентуалното незаконито дејствување на лицата лишени од слобода и на малолетните лица претходно лишени и пуштени на слобода. Воедно ќе се утврдува и идентитетот и на други лица инволвирани во настанот, за кои ќе постои сомнение дека со своето однесување се сторители на кривични дела. Согласно на содржината на видео записите и другите докази ќе следи поднесување на кривични пријави или известувања до ОЈО Скопје од страна на МВР, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Претставниците на МВР информирале и за заканувачки пораки и слики кои преку профили на социјалните мрежи биле објавувани за носители на јавни функции и други службени лица.

Министерството за внатрешни работи добило задолжение да се пристапи кон утврдување на идентитетот на лицата од чии профили се упатуваат заканите и да се обезбедат релевантни докази за евентуално сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 4 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Карактеристично е тоа што според МВР има повеќе повредени полицајци отколку лица на протестот, а на социјалните мрежи постојано се објавуваат фотографии и видеозаписи од граѓани кои биле повредени при интервенцијата на полицијата, а досега не е објавена фотографија за некој од повредените полицајци, како што имаше на протести, на пример, на шарената револуција.

Меѓу другите е и сведоштвото на актерката Арна Шијак за „СУМ Македонија“ која била во Жена-парк кога експлодирала шок бомба пред нејзините нозе од што била повредена.

– Повредената Арна Шијак е примена во болница со повреди на двете нозе. Една млада девојка доби нервен слом од шок бомбите. Беше ужасно. Мене ме покри со кошула и ме водеше еден господин кога почнаа да фрлаат солзавец. Се тргнавме во ГТЦ, но и таму пуштија солзавец и продолжија со шок бомбите. Само што малку се смири ситуацијата, тргнаа цели групи од единиците за брзо распоредување да не бараат низ ходниците на ГТЦ.
Нема да не заплашат. Напротив, ова е денот на национално отрезнување, напиша на Фејсбук поранешната пратеничка Солза Грчева, за вечерашните настани на протестот пред Собранието на Република Македонија.