Видео денеска е објавено во чест на капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев кој сезонава влезе во „клубот 100“ најдобри стрелци во италијанската Серија А.

Видеото е токму по тој повод.

Пандев е единствениот фудбалер од балканските простори што успеал да стигне до оваа бројка во најсилната италијанска лига.

Тој застана на бројката 101, а по Европското првенство се очекува да донесе одлука дали ќе се повлече или ќе продолжи.